Работници од српскиот институт „Винча“ биле изложени на радиоактивно зрачење уште пред една недела, а властите се обиделе да го сокријат тоа.

Спред „Вечерње новости“ вработените во институтот кој функционира во рамки на јавното претпријатие „Нуклеарни објекти Србија“ биле озрачени повеќе од дозволеното вадејќи радиоактивни шипки од базенот.
Вработените добиле закани дека ако проговорат ќе добијат отказ, но сепак дадоа изјава за српските медиуми.
„Штом беа извадени од водата, зрачењето беше исклучително високо. Дозиметрите бараа да се прекине работата. Но тогаш стигна наредба уште еднаш да се повтори целата постапка. Така што за две минути беа озрачени повеќе отколку што, во нормални услови, би биле озрачени за неколку недели“, изјавиле дел од вработените.
Спорната работа инжињерите тврдат дека ја вршеле по наредба на в.д директорот, а според српските медиуми институтот имал дозвола само за расклопување на делови од големиот реактор и ја немал потребната лиценца за вакви експерименти.
Агенцијата за нуклеарна безбедност потврдила дека дозата на зрачење ги надминала планираните вредности. Од друга страна пак директорот на Институтот тврди дека зрачењето било вообичаено.
Се најавува детална истрага.
Вработените во „Нуклеарни објекти Србија“ тврдат дека во претпријатието владее целосен хаос и дека се сменети неколку од најдобрите стручњаци, а на нивните места се поставени луѓе што немаат доволно искуство на полето на нуклеарната безбедност.
Институтот „Винча“ и пред неколку недели беше во центарот на вниманието кога српските медиуми објавија дека кон крајот на февруари бил поплавен подрумот во кој бил чуван осиромашениот ураниум кој бил донесен пред 40 години. Сè уште не е познато што тогаш всушност се случило и дали жителите на Белград или некоја друга населба по Дунав биле изложени на зрачење. Никој не одговараше ни за тоа зошто опасниот материјал бил чуван во подрум, а не во специјален склад.