Можеме ли да создадеме вода
Напишано од Глигор Тодоров
вторник, 1 мај 2012
Водата станува сè поважно прашање во светот. И за неразвиените но и за развиените земји.

Со векови чистата вода за пиење била тешко достапна за многу популации, особено за сиромашните. Во многу области можеби има достапна вода,но таа е загадена и пиењето може да биде фатално. Во други делови пак, едноставно нема достапен извор на вода.

20% од светската популација нема пристап до чиста вода за пиење. Ова го покренува прашањето: Зошто кога имаме толкава потреба од вода, едноставно не ја произведеме?

Водата е изградена од два атоми на водород поврзани со еден атом на кислород. Ова изгледа како основна хемија, па зошто тогаш не ги замешаме овие елементи заедно и не произведеме вода. Теоретски, ова е можно, но е екстремно опасен процес.

Едноставното мешање е многу опасно. Водородот е многу запалив, а кислородот поддржува горење. Треба само искра и ќе добиеме вода. Но ако обидот е премногу голем се „ќе летне во воздух“, покрај добиената вода ќе се предизвика и голема штета. За создавање на доволно вода за задоволување на светската побарувачка, би бил потребен многу голем и опасен процес.

Но, постојат и побезбедни начини за создавање на вода. Водата постои насекаде околу нас, само што ние не ја гледаме. Воздухот околу нас содржи променлива содржина вода, во зависност од временските услови. Кога времето е топло и влажно воздухот кој го дишеме содржи и до 6% водена пареа, а додека кога е суво и студено воздухот содржи 0,07% водена пареа.

Ова е само дел од циклусот на водата, природен процес на Земјата. Водата испарува од реките, езерата и океаните. Се носи во атмосферата каде се собира во облаците (акумулации од водена пареа). Кога облаците доволно ќесе заситат се создаваат капки вода кои паѓаат на Земјата во форма на дожд или снег. Водата се собира во реките, езерата и океаните од каде циклусот почнува одново. Но циклусот на водата поминува низ многу суви периоди.

Неколку научници е позанимавале со извлекувањето на водената пареа директно од воздухот и создавање на течна вода. Во долниот километар од атмосферата се содржат околу 10 000 билиони литри вода, која се заменува на неколку часа како дел од водениот циклус.

Висон ветерницата работи на принцип на ладење на преките на ветерница која е поставена вертикално. Најмалото движење на воздухот ги врти ладните перки, кои го ладат воздухот и предизвикуваат кондензација на водената пареа која се собира како течна вода. Оваа ветерница може да собере околу 10 000 литри вода дневно.

Друг принцип на собирање на водата: воздухот се внесува во машина каде се лади, водата се пречистува и се собира а воздухот се испушта назад во околината. Овој систем е наречен AquaMagic и произведува околу 450 литри вода дневно, но троши околу 45 литри дизел гориво.

Значи дека Висон ветерницата е целосно зелена, не употребува никаква друга енергија освен енергијата од ветерот. Дури и процесот на ладење се напојува од енергијата која ја генерираат турбините на ветерницата.

Ако навистина дојдеме до момент каде ептен ќе„трпиме“ за чиста вода, начинот на собирање вода од воздухот со помош на ветерници би бил добра опција.